Концертот со наслов „Руска бајка“, под диригентство на Иван Еминовиќ, ќе се одржи во реновираниот Салон на Македонската опера и балет.
На програмата се дела од Прокофјев, Чајковски, Шостакович, Рахмањинов, Фомин, Герман, Пендерцки, Ларионов и Римски-Корсаков, а ќе ги изведат оперските солисти: Тамара Калинкина, сопран (Украина), Борис Трајанов, баритон, и Дарко Нешовски, тенор, како и балетските солисти: Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Бобан Квачевски, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Дафина Данилоска-Кочевска, Билјана Басмаџиева, Маја Митровска-Богојевска и Марина Анастасовска.
Ќе учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.
Режисер е Трајко Јордановски, а кореограф Саша Евтимова.
МОБ најавува уште една, предновогодишна изведба. Станува збор за оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски која ќе се одржи во среда, на 28 декември.
Со „Евгениј Онегин“ беа отворени годинашните Мајски оперски вечери. Либретото базира на познатата истоимена поема на Пушкин. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски, сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, а кореограф Олга Панго.
Настапуваат: Ларина, Марика Поповиќ, Татјана, Сандра Митровска, Олга, Николина Јаневска, Филипјевна, Елена Тасевска, Ленски, Дарко Нешовски, Евгениј Онегин, Александар Малишко (Украина), Кнез Гремин, Владимир Саздовски, Капетан, Диме Петров, Зарецки, Борко Биџовски.