Руска државјанка уапсена за шпионажа бара азил во Албанија

Руската блогерка Светлана Тимофејева (34), која беше уапсена минатиот август во Албанија под обвинение за шпионажа, поднесе барање за азил во обид да избегне екстрадиција бидејќи се плаши од прогон во Москва, рече нејзиниот адвокат Исуф Шеху.

Тимофејева е уапсена заедно со уште еден Русин и Украинец под обвинение дека влегле во првата комунистичка воена фабрика „Грамш“, на околу 80 километри од албанскиот главен град Тирана, објави „Ројтерс“.

Тимофејева рече дека фабриката е напуштена и дека нема знак дека се работи за воен објект и дека луѓето и животните слободно влегуваат и излегуваат. Таа изјавила дека единствената причина поради која ја посетила областа била нејзината желба да снима напуштени згради од ерата на Студената војна.

Адвокатот рече дека рускиот државен обвинител е на црната листа во западните земји, како и во Албанија, а Тимофејева бара азил бидејќи отворено го критикувала рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина.

„Обвинителството во Албанија нема факти кои би ја инкриминирале Тимофејева под обвинение за шпионажа, бидејќи таа само фотографирала стари и уништени згради“, рече Шеху.

Се очекува судот во петок да одлучи дали ќе ја екстрадира Тимофејева или не, објави „Ројтерс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Sator (@lanasator)