Досега анонимната руска пекарка Анастасија Чернишева, е обвинета за „дискредитација“ на руските вооружени сили и казнета затоа што ги „дискредитирала“ руските вооруже ни сили, откако направила антивоени колачи, пренесуваат британските медиуми.
Чернишева почнала да споделува фотографии од колачи украсени во жолто и сино, боите на украинското знаме, на својот профил на Instagram, која инаку е непожелна во Русија поради блокирањето на официјалните профили на руските агенции и фунцкионери, два месецa по инвазијата на Русија вo Украина.
Kако што пренесува британски Тhe Telegraph, една торта во форма на фалус била украсена со фразата „F–k war“.
Чернишева беше приведена претходно оваа недела, објави веб-страницата за следење на полицијата ОВД-Инфо, цитирајќи ја нејзината адвокатка Јулија Евдокимова.
Таа беше пушена од притвор откако беше обвинета за „дискредитирање“ на руските вооружени сили, кривично дело што го воведе Русија по инвазијата во Украина за да се запре јавното противење на војната, како што соодветен закон е донесен и во Киев, и во петокот и беше наредено да плати казна од 35.000 рубли (345 фунти) откако беше прогласена за виновна во московскиот окружен суд Измаиловски.