Марија Бутина, Рускинката тесно поврзана со моќното американско лоби за оружје Националното пушкарско здружените (NRA – или Национално здружение за огнено оружје) која беше прогласена за виновна за обид за влијание на американската политика кон Русија, во петокот треба да биде пуштена од затворот на Флорида и да се врати во татковината.
Марија Бутина, која е единствениот руски државјанин осуден во истрагата за наводното влијание на Москва врз американсата внатрешна политика, била поврзана со NRA, што ѝ овозможило да стапи во врска со Доналд Трамп пред неговиот избор за американски претседател, како и со неговиот син.
Бутина призна дека сакала да осигури подобри врски меѓу САД и нејзината татковина. Таа студирала на Универзитетот Вашингтон и живеела со републикански функционер.
„Никогаш не ја криев љубовта кон татковината и кон оваа земја (…), ги сакам двете земји и сакава да градам мир“ меѓу нив, изјави Бутина, која работела во разни области, од маркетингот до политиката, а во САД влегла со студентска виза.
Бутина под обвинение за „заговор“ поради „промовирање на рускиет интереси“ беше уапсена во јули 2018 година, а во април годинава беше осудена на 18 месеци, од кои поливината веќе ги отслужи. Соработуваше со американското правосудство, откако во декември 2018 година призна дека делувала како агент за влијание на странска земја, но тоа не се поистоветува со разузнавачки или шпионски активности.
Од 2011 до март 2018 година Бутина била претседател на бордот на меѓурегионалната општествена организација „Право на оружје“. Од летото 2016-та студирала на Американскиот универзитетот Вашингтон, каде што дипломирала во мај 2018 година со магистерска диплома од хуманитарни науки во областа на меѓународните односи
Еден од нејзините правни советници, адвокат од Вашингтон, не одговорил на новинарските прашања за идните планови на Бутина, но во судскиот документ навел дека таа оваа седмица ќе се врати во Русија. И медиумите во Русија пишуваат дека деновиве се очекува нејзино враќање во татковината.
Американското правосудство оцени дека обвинетата, иако не се докажани нејзините врски со руските разузнавачки агенции, била дека до „заговор на Кремљ“ поради инфилтрација и нарушување на американскиот политички систем, во прв ред во текот на претседателските избори во 2016 година.
Доколку Бутина не беше Русинка, немаше да биде обвинета за дејствување како непријавен странски агент во САД, смета нејзиниот адвокат Роберт Дрискол.
„Ако не беше Русинка, а делото на Бутина не може да се одвои од околината во која тоа се јавува, таа ниту секунда не би била осомничена, немаше да биде обвинета“, изјави Дрискол во петокот.
Како споредба, адвокатот го наведува примерот за редовнтие посети во САД од страна на поранешни припадници на израелските сили кои доаѓаат на предавања и го промовираат имиџот на израелската војска.
„Тие луѓе патуват ширум нашата земја, дејстувајќи како агенти на израелските власти. Која е веројатноста дека за тоа ќе им се суди? Нула“, рече Дрискол.