Руската амбасада во Тирана сѐ уште не е информирана за инцидентот во воената фабрика

Албанските власти сѐ уште не ја информирале руската амбасада во Тирана за приведувањето на руските државјани при наводен обид да влезат во воена фабрика во градот Грамши, соопштија во неделата од дипломатската мисија.

Директорот на компанијата која работи со фабриката, Лоренц Зани, претходно за порталот Albanian Daily news потврди дека три лица, двајца со руски пасоши и едно со украинска патна исправа, се обиделе да се приближат до објектот и да го снимат. Биле забележани од војниците кои ја обезбедуваат фабриката по што дошло до судир на двајца војници со еден од странците при што тие биле повредени со употреба на некој спреј.

„Локалните власти таква информација сѐ уште немаат проследено до амбасадата и конзулот. За наводниот инцидент информациите ги следиме само во албанските медиуми“, ја цитира агенцијата РИА изјавата од руската амбасада во Тирана.

Според Albanian Daily news, уапсените двајца мажи и жена сѐ уште се наоѓаат во полициска станица во Елбасан. Локалното обвинителство веќе покренало истрага во која се вклучени и припадници на антитерористичките и разузнавачки служби.

Повикувајќи се на албанското министерство за одбрана, агенцијата Reuters објави дека приведени се двајца Русија и еден Украинец.

Притоа, за руските државјани се идентификуваат како 33-годишната Светлана Тимофеева и 23-годишниот Михаил Зорин, додека за украинскиот државјанин се наведуваат само иницијалите Ф.А, и оти е стар 25 години. Тие, според првичните сознанија во Албанија влегле една седмица претходно.

Според албанското министерство за одбрана, еден од Русите се приближил до територијата на фабриката и се обидел да фотографира. Премиерот Еди Рама изјави дека тројцата уапсени се осомничени за шпионажа.

Во оваа фабрика која во последно време освен што демонтира и поправа оружје од домашно производство, произведува и муниција за оружје на НАТО. поред податоците од отворени извори, станува збор за фабрика којашто се занимава со производство за одбранбената индустрија, а којашто во времето на комунизмот ги произведувала руските јуришни пушки „АК-47“ познати како „калашников“.