![rusija ukraina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/rusija-ukraina.jpg?resize=696%2C438&ssl=1)
Руските сили денеска соопштија дека ги зазеле селата Стелмаховка во Луганската област и Николаевка во Доњецката област, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.
Населбата се наоѓа на петнаесетина километри од Покровск, главен логистички центар кој веќе неколку недели е цел на руските трупи кои напредуваат кон неа.
Руската офанзива ги принуди локалните власти да наредат евакуација на семејствата со деца од градот и неговата околина на 19 август.