Руската авијација ја уништила командата на Џебхат ан-Нусра (ВИДЕО)

Руските воздухоловни сили ликвидирале група команданти на џихадистичката групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, во текот на специјална операција во Сирија, објави во средата портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Според Конашенков, руското воено разунавање дошло до потврдени информации за времето и местото на кое се одржувал таен состок на водството на Џебхат ан-Нусра, којшто го водел лидерот на оваа џихадистичка групација во Сирија, Абу Мухамед ал-Џулјани.

Одлуката за изведување на нападот, според Конашенков, била донесена откако преку неколку различни канали било потврден состанокот на челниците на терористичката групација. Целта била нападната со дежурните воздухопловни сили во Сурија со авионите од типовите „Су-34“ и „Су-35“.

Според моменталните сознанија на руското министерство за одбрана, во нападот лидерот на Џебхат ан-Нусра, Абу Мохамед ал-Џулјани, се здобил со неколку тешки рани од шрапнели и ја загубил едната рака. Од независни извори, министерството добило информации дека ал-Џулјани бил во критична состојба.

Конашенков, исто така, додал дека заедно со обезбедувањето на терористичките команданти, кое броело околу 50 лица, биле ликвидирани 12 команданти на организацијата . Меѓу нив бил и еден од најблиските соработници на ал-Џулјани, ткн „началникот службата за безбедност“ на ан-Нусра, Ахмад ал-Гизаи.

Како што пренесува агенијата ТАСС, портпаролот Конашенков посочил дека ќе продолжи операцијата за уништување на терористичките борци кои неодамна биле вклучени во напад на набљудувачки пункт на руската воена полиција на границата на зоната на деескалација во покраната Идлиб.

Кон крајот на септември руското министерство за одбрана објави дека во последната седмица од месецот биле спречени обидите на џихадистичките групации Џебхат ан-Нусра и Исламска држава да покренат офанзива на истокот и западот од Сирија. Според овие податоци, само во периодот од 19-ти до 29-ти септември во руските возддушни напади биле убиени 2.359 терористички борци.