
Откако претходно седмицата во нападите на руската воена авијација во Сирија беше ликвидираше група команданти на џихадистичката групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, а челникот на групацијата Абу Мухамед ал-Џулјани е тешко ранет и е во кома, во последните 24 часа 120 борци на Исламската држава (ИД) од кои повеќе од 60 странски борци од Северен Кавказ се убиени во последните 24 часа во ударите на руската авијација, соопшти во саботата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Според него, последниот период се вршат дополнителни разузнавачки активности за резултатите од ударот нанесен од руската авијација во областа на селото ес-Сикарија, на северниот раб од градот Абу-Камал, во близина на сириско-иранската граница. Во овој напад бил уништен команден пункт на Исламската држава и над 30 борци меѓу кои и по потекло од Северен Кавказ.
Според информациите добиени преку неколку канали и потврдени „на теренот“, меѓу ликвидираните милитанти се и влијателните команданти Абу Омар ал-Шишани, Алјаудин ал-Шишани и Салахудин ал-Шишани, изјави Конашеков.
За тоа дека државјанинот на Грузија, Тархан Батирашвили, познат како Абу Омар ал-Шишани, е ликвидиран во близина на градот ал-Шаддад во покраината Хасега, на почетокот од мар соопшти Пентагон, а го потврдија од Исламската држава. Меѓутоа, подоцна во Ахметакската општина во Грузија соопштија дека неговите роднини не ја потврдиле неговата смрт.
Батарашвили бил член на највисоките раководни кругови на Исламската држава и заземал повеќе важни позиции, меѓу кои и „министер за војна“. Шишани беше еден од најбараните терористички борци и САД за него нудеа 5 милиони американски долари награда за информации кои би овозможиле негова елиминација. Еден од главните воени команданти на екстремната сунитска организација Исламска држава, главниот оперативен командант Абу Омар ал-Шишани (Омар Чеченот), или со вистинско име Тархан Тајумуразивич Батирашвили, е роден 1986 година во Грузија, која во тој период уште беше во составот на поранешниот Советски сојуз, ал-Шишани важеше за многу близок воен советник на челникот на Исламската држава, Ирачанецот Абу Бакр ал-Багдади, кој според сведочења на џихадисти често изјавувал пред приврзаниците дека е многу тесно поврзан и силно се потпир на него.
Удари во Мајадин и Деир-ез-Зор
Официјалниот портпарол на руското министерство за одбрана, исто така, рече дека руската авијација извршила напади и во областа Аби-Камал, каде што разузнавањето пронашло објекти на бунтовниците и нивни командни пунктови, како и рутата за движење кон Мајадин и кон јужните периферни делови на левиот брег на Деир-ез-Зор. Таму бил уништен силен фортификациски пункт со околу 40 милитанти, главно борци од Таџикистан и Ирак, како и седум возила со митралези со голем калибар.
Околу 80 милитанти се ликвидирани во областа Мајадин, меѓу кои и девет по потекло од Северен Кавказ, 18 теренски возила со оружја со голем калибар и три складишта со муниција.
Руската авијација нанела уште еден удар јужно од Деир-ез-Зор, во долината на реката Еуфрат. Притоа биле ликвидирани одред од странски наемници, повеќе од 60 лица, по потекло од поранешните советски републики, Тунис и од Египет, како и 12 теренски возила.
„Значителен број од странските платеници пристигнале во областа Букмал од правец на Ирак“, додаде Конашенков.
Мајадин е едно од последните упоришта на ИСламската држава во Сирија.