![ruski brodovi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/ruski-brodovi.jpg?resize=640%2C363&ssl=1)
Руската Црноморска флота, чиешто историско седиште од XVIII век е во Севастопол на полуостровот Крим, се подготвува за блокада на украинските пристаништа откако Русија се повлече од Иницијативата за превозот на житарките преку Црното Море, тврдат британските воени аналитичари.
Модерната руска корвета „Сергеј Котов“ веќе патролира по правецот меѓу Босфор и украинскиот простанишен град Одеса, формиран од руската империја исто така во XVIII век, објави во средата британското Министерство за одбрана во дводневниот извештај за војната во Украина кој до пред извесен период беше објавуван на дневно ниво, а кои Москва редовно ги оценува како дезинформации.
„Постои реална можност дека (корветата) ќе биде дел од групата за пресретнување на комерцијалните бродовви за кои Русија верува дека пловат кон Украина“ со воена опрема, се наведува во британскиот извештај.
Според договорот од кој по три продолжувања од ланскиот јули пред десет дена своето учество го суспендираше Русија поради неисполнување на одредбите кои се однесуваат на нејзиниот извоз, транспортот одеше преку Црното Море и теснецот Босфор.
Во британскиот извештај се додава и дека поради пропаднатиот договор за житарките „се зголемува потенцијалот вооружениот судир да се интензивира во областа на Црното Море“.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во вторникот предупреди дека „Обединетото Кралство верува дека Русија би можела да ја ескалира својата кампања на уништување на украинскиот извоз на храна со целење на цивилните бродови во Црното Море“.