Северна Кореја е подготвена да преговата со САД по прашањата за безбедноста врз основа на еднаков паритет и со учество на Русија, изјавил во петокот за агенцијата ТАСС пратеникот во Државната Дума. Влатилиј Пашин, коментирајќи ги резултатите од разговорите на руската парламентарна делегација и севернокорејското водство во Пјонгјанг.
„Во моментов Северна Кореја врз услови на паритет е подготвена да преговара со САД, со учество на Русија како трета страна“, изјавил рускиот пратеник Виталиј Пашин.
Според него, објаснувајќи им го на руските парламентарци продолжувањето на ракетните тестирања со коишто се кршат резолуциите на Советот за безбедност на ОН „челниците на Северна Кореја истакнале дека земјата постојано е подвргната на агресија од страна на САД“.
На 29-ти ноември Северна Кореја го изврши првото по паузата која траеше од 15-ти сепрември лансирање на балистичка ракета. Според меѓународните експерти, станува збор за нов тип интерконтинентален балистички проектил, кој според параметрите од летот може да има дострел од 13.000 километри. Според официјалната новинска агенција KCNA, станува збор за новиот тип ракета „Хвасон 15“ чијшто лет траел 53 минути и завршил во водите на ексклузивната економска зона на Јапонија, достигнувајќи височина од 4.475 километри и надминувајќи дистанца од 950 километри. Пјонгјанг потоа објави дека ова лансирање покажало дека земјата станала „потполна нуклеарна сила“ и оти е способна да гаѓа која и да е цел на американскиот континент.
„Според претставниците на Северна Кореја, тие биле принудени да ја демонстрираат својата способност за соодветен достоен одговор на секоја агресија од страна на САД, способноста да се нанесе удар на која и да е точка од територијата на Америка. Ова е првата ракета лансирана од последното севернокорејско лансирање од 15-ти септември. Од тогаш во следните 75 дена Пјонгјанг се воздржуваше од воени провокации, очекувајќи реципрочни реакции од страна на САД, кои наместо да започнат преговори објавија големи ненајавени однапред воени вежби“, рекол рускиот парламентарец.
Истоврено Пашин рекол дека делегацијата на руските пратеници ја потврдила позицијата на Руската Федерација, осудувајќи го спроведувањето на ракетните тестирања со кои се прекршуваат резолуциите на Советот за безбедност при ОН.
„Ние истапуваме исклучително против ескалацијата на конфликтот и за мирно решавање на прашањето преку преговори. Истовремено, целосно ја подржувам позицијата на нашиот претседател и министерството за надворешни работи по ова прашање“, истакнал пратеникот.
Делегација на руската Дума во форматот „група пријатели“ предводена од нејзинито координатор Казбек Тајисаев престојувала во посета на Северна Кореја на покана на тамошниот парламент од 27-ми ноемви до 1-ви декември.