Руската Дума повикува на истрага за воени злосторства во Украина

Руската Дума ја повика меѓународната заедница да ги истражи воените злосторства кои се случија во Источна Украина.

Долниот дом на рускиот Парламент, едногласно ја изгласа резулуцијата која ги повикува меѓународните организации вклучувајќи ги и UN, OSCE и Судот на Европа да ги истражат масовните гробници во близина на Доњецк.

Проруските сепаратисти минатиот месец соопштија дека се пронајдени две масовни гробници во кои имало околу 400 тела, жртви на воени операции кои ги извршиле украинските војници по наредба на Киев.

Украинските власти ги отфрлуваат обвинувањето нагласувајќи дека никогаш не го контролирале тоа подрачје.