Руската Дума го одобри третото читање на законот за забрана на пропаганда на нетрадиционални сексуални односи и педофилија.
Законот, исто така, важи и за информации што може да наведат некој да побара операција за промена на полот.
Исто така, се забрануваат сите повици за промена на пол кај малолетниците на интернет, во медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами, пренесува ТАСС.
Казните за ЛГБТ пропаганда што вклучува ширење информации или јавни акции, како и пропаганда за промена на полот ќе изнесуваат до 100.000 рубли (околу 1.650 американски долари) за граѓаните, до 200.000 рубли (околу 3.300 долари) за функционерите и до еден милион рубли (околу 16.500 долари) за правни лица.
Максималната казна за таквата пропаганда на интернет или во медиумите ќе биде до пет милиони рубљи (околу 82.600 долари).