Руската Федерална служба за безбедност ФСБ уапси две лица кои планирале да проведат воен пуч во Белорусија на 9 мај.
Како и дека во таа прилика да извршат атентат на белорускиот претседател Александар Лукашенко, соопшти ФСБ.
Уапсени се АЛександар Федура од Белорусија и Јуриј Зеленкович кој има двојно државјанство – и белоруско и американско.
Акцијата е спроведена во соработка со белорускиот Комитет за државна безбедност, а како што потоа е утврдено, тие планирале да изведат воен пуч „по стандардно сценарио на обоените револуции со поддршка на локалните националисти“.
Како што пренесе белоруската страна, тие за сè се договарале преку месинџер, со генерали кои би биле вклучени во целиот процес.
Од ФСБ наведуваат и дека средбата е организирана во еден московски ресторан веднаш откако Зенкович допатувал во Москва по консултации во Америка и Полска, а планот им бил за време на пучот да ги заземат сите центри за емитување радио и телевизија, да ги блокираат институциите, како и да се исклучат комплетните енергетски системи на Белурусија за да се отежне работата на полицијата и војската.
Новната цел, додава ФСБ, била да се измени усптавниот поредок во земјата, така што би го испразниле местото претседател и таа функција да може да ја обавува „Комитетот на национално помирување“.
ФСБ додава и дека тие по апсењето предадени се на белоруската страна заради процесуирање.