Руската филмска екипа пристигна на Меѓународната вселенска станица (ISS) во првиот светски обид да се сними игран филм во Вселената.
Руската актерка Јулија Пересилд и актерот и режисер Клим Шипенко полетоа од космодромот Бајконур во Казахстан во вторникот.
Директниот преност на руската вселенска агенција Роскосмос и руската државна телевизија покажа како ракетата „Сојуз“ се издига во облаците. Можеше да се види и екипажот во вселенската капсула.
„Сѐ оди нормално“, известија од центарот за контрола на летот. По повеќе од три минути, ракетата веќе стаса до орбитата на Земјата.
Ракетата „Сојуз МС-19“ со филмската екипа и космонаутот Антон Шкаплер стаса до орбиталната станица стаса за екрспресно време пристанувајќи на неа за 3 часа и 37 минути по лансирањето, со користење на една од техниките за скусување на времетраењето на летот.
„Тогаш се отвори капакот и тројца руски членови на екипажот влегоа во станицата зголемувајќи го бројот на жителите на 10“, стои во објавата на сметката на Twitter на Меѓународната вселенска станица.
Веднаш по спојувањето треба да започне снимањето, најави Пересилд пред лансирањето на ракетата. Според Роскомос, за снимањето се планирани 12 дена.
Филмот со работен наслов „Предизвик“ и ќе ја долови приказната за лекарка, којашто ја толкува Пересилд, којашто мора да одлета на Меѓународната вселенска станица за да спаси живот на астронаут кој се резболел.
Тоа ќе биде прв долгометражен филм снимен во Вселената, а не во студија на Земјата. Рускиот филмски проект истовременое е и документарен филм за вселенската иднустрија и професијата на космонаутите. Во САД, исто така, планираат да снимаат долгометражен игран филм во Вселената, но датумот сѐ уште не е одреден.
Пересилд и Шипенко би требало да се вратат на Земјата со космонаутот Олег Новицки на 16-ти октомври, објави американската вселенска агенција NASA, додека Шкаплероц ќе остане на станицата до март следната 2022 година.