Рускиот автомобил „Лада“ ќе се произведува во Етиопија, објави руската Федерална агенција за користење земјиште Роснедра, по состанокот на руско-етиопскиот бизнис форум и меѓувладината комисија.
Договорот за производство во Етиопија го потпишаа руската компанија „Лада експорт“, извозен партнер на концернот „Автоваз“ и компанијата „Етио инженеринг груп“ од Етиопија, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и директорот на Роснедра, Евгениј Петров, пренесува „Комерсант“.
Во 2023 година, „Автоваз“ неколку пати го прилагодуваше планот за продажба на „Лада„ во странство.
Во јануари планирал да извезе околу 30.000 автомобили за 12 месеци, а еден месец потоа директорот на „Автоваз“ Максим Соколов изјавил дека компанијата ќе испорача 20.000 возила во други земји за една година.
Во текот на летото 2023, прогнозата за извозот на „Лада“ дополнително беше корегирана удолу, на 10.000 до 15.000 автомобили, пишува vesti-online.com