Учество на земјите од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во увозот на нафта од Индија во фискалната 2022/2023 година, најниско во последните 22 години, бидејќи индискиот увоз на поевтина руска нафта скокна, покажуваат податоците добиени од индустриски извори.
Членките на OPEC, претежно од Блискиот исток и Африка, забележаа намалување на нивниот удел на индискиот нафтен пазар на 59 отсто во фискалната година што завршува во март 2023 година, од околу 72 отсто во фискалната 2021/2022 година, покажува анализата на Reuters кои датираат од 2001/2002 година
Русија првпат го престигна Ирак и стана најголем снабдувач со нафта на Индија, истиснувајќи ја Саудиска Арабија на третото место во штотуку завршената фискална година, покажуваат податоците.
Уделот на OPEC се намалил бидејќи Индија, која ретко купуваше руска нафта во минатото поради високите транспортни трошоци, а сега е главен нафтен клиент за руската нафта транспортирана по поморски пат, за што Западот наметна санкции по руската инвазија на Украина во февруари минатата година и ја купува од компании кои ја купуваат по лимитирана цена од 60 долари за барел а потоа преработена ја препродаваат по повисоки цен на меѓународните пазари.
Индија увезувала околу 1,6 милиони барели дневно (bpd) руска нафта во 2022/23 година, што е околу 23 отсто од вкупно увезените 4,65 милиони bpd.
Одлуката на OPEC и нивните сојузници независни големи производители предводени од Русија познати како OPEC+да го намалат производството од мај до крајот на годинава, би можела дополнително да го намали уделот на извозот на OPEC во Индија, третиот по големина увозник на нафта во светот, во остатокот од фискалната година доколку руските резерви останат зголемени.
„Руската сурова нафта е веќе поевтина од сличните блискоисточни марки и се чини дека OPEC си наштетува со намалувањето на производството. Ова дополнително ќе го намали нејзиниот удел на пазарот во Азија“, рече аналитичарот на Refinitiv, Ехсан Ул Хак.
Поголемиот увоз на руска нафта го зголеми уделот на земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) на рекордни 26,3 отсто, а уделот на земјите од Блискиот исток и Африка го намалија на најниско ниво во последните 22 години, на 55 отсто, односно 7,6 отсто.
За споредба, уделот на Блискиот исток во 2021/22 година изнесувал 64 отсто, додека на Африка изнесувал 13,4 отсто, покажуваат податоците. Во 2022/2023 година, учеството на земјите од Латинска Америка се намали на 4,9 отсто, што е најниско ниво во последните 15 години.
Индискиот увоз на нафта во 2022/23 година се зголеми за 9 отсто во однос на претходната година, бидејќи државните рафинери таму ги зајакнаа активностите за да ја задоволат растечката домашна побарувачка на енергенсот, откако приватните рафинери се свртеа кон извоз наместо да продаваат гориво по цени пониски од пазарните дома, покажаа податоците.
Локалните рафинерии колективно преработиле околу 6 отсто повеќе сурова нафта во 2022/23 година, околу 5,13 милиони барели дневно, покажуваат владините податоци.
Индија во март увезувала речиси 5 милиони барели нафта дневно, малку повеќе од еден месец претходно, при што руската нафта учествува со околу 36 отсто од вкупниот увоз.
„Одлуката на OPEC да го намали производството ѝ помага и на Русија“, вели аналитичарот Хак додавајќи дека планираното намалување на понудата ги подигна глобалните цени на нафтата, истовремено намалувајќи ги попустите за руската сурова нафта во однос на референтните вредности на марките Brent и Dubai.
Цената на некои руски товари надминува 60 долари за барел, плафонот што го наметнаа земјите од Г7 по иницијатива на САД, Европската унија и Австралија за да ги ограничат приходите на Москва и на руските трговци да им го оневозможат пристап до западните бродови и компаниите за осигурување на товарите и пловидбите.