Руската објава за повлекување дел од единиците ја спушти нафтата под 94 долари

Цените на нафтите паднаа во вторникот на меѓународните пазари се спуштија под 94 долари за барел, по руското објавување дека дел од единиците распоредени во близина на украинската граница ги повлекува во нивните постојани бази, што треба да ги стивне тензиите во односите меѓу Западот и Русија и придушувајќи ги стравувањата од нови западни економски санкции, меѓу другото и за руската нафата.

На лондонскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по 2,87 долари пониска цена во однос на претходниот трговски ден од 93,61 долари. Во понеделникот тргувањето го затвори во плус од 2,04 долари.

На американскиот пазар, пак, во вторникот се тргуваше по 3,49 долари пониска цена, од 91,97 долари. Во понеделникот тгрувањето заврши во плус 2,36 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелот од референтната кошница нафта од нејзините членки во понеделникот чинел 95,16 долари, што значи дека поскапел за 2,29 долари во однос на претходниот трговски ден.

Трговците во понеделникот ги загрижи заострувањето на руско-западните тензии околу украинската криза, и постојаните лиценцирања во западните престолнини со точниот датум кога Русија ќе ја изведе наводната инвазија врз Украина.

САД ѝ се заканија на Русија со „невидени санкции“ доколку нападне, па трговците стравуваат дека тие би можело да ја опфатат и руската нафта и дополнително да го истенчи и онака слабо снабдување на пазарите.

Во вторникот пазарите беа примерени од објавата од Москва за почеток на повлекување на дел од единиците во нивните гарнизини. Се наведува дека се повлекуваат единиците од два големио воени окрузии Јужниот и Западниот, но Западот сѐ уште предупредува дека не се знае за колкав број единици станува збор и на која оддалеченост од границата ќе бидат пренесени. Претходно утрото извештаите за подготовка на руските единици за движење, која сѐ уште не беше објавени повлекувањето, ги потикна цените на нафтата да ги зголемат загубите.

Последнито развој на ситуацијата беше поттикнат од претпазливите одговори на Киев и Лондон, а британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден во понеделничкиот разговор се согласија дека постои клучен простор за дипломатијата.

„Не е тешко да се погоди што стои зад најновиот бран осцилации (на цените). Руски-украинската криза го доведе енергетскиот пазар во состојба на висока приправноста поради можните нарушувања во снабдувањето со руските енергенси“, коментира за Reuters Стивен Бренок од брокерската куќа PVM.

Вложувачите, исто така, внимателно ги следат индиректните преговори меѓу САД и Иран за заживувањето на нуклеарниот договотр од 2015 година. Нивното успешно завршување би можело да го отвори патот за укинување на американските санкции за иранската нафта и нејзин зајакнат извоз.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше во понеделникот со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахијан со заеднички заклучок за „чувствително придвижување“ во заживувањето на нуклеарниот договор, соопшти руската дипломатија.

Вложувачите на нафтените пазари, покрај тоа, внимателно ќе ги проучуваат и извештаите за американските резерви во минатата седмица. Аналитичарите очекуваат дека ќе покажат пад на резервите од сирова нафта, што би ја нагласило изедначеноста на понудата и побарувачката. Американскиот институт за нафта (API) ќе го објави извештајот подоцна во вторникот, а владата во среда.