Руската „Сбербанк“ со нето добивка од 11,1 милијарди евра

Руската „Сбербанк“ во изминатата 2018 година остварила нето добивка од 831,7 милијарди рубљи или иколу 11,1 милијарди евра, објави банката во четвртокот во извештајот усогласен со меѓународните стандарди за финансиско известувања.

Нето добивката на банката во однос на претходната 2017 година е поголема за 11,1 отсто, а прикажана е земајќи ги предвид соодветните показатели за сопрените активности на турската „Denizbank“, од мај минатата година. Споменатата турска филијала „Сбербанк“ минатата година ја продаде.

Заработката по акцијата на „Сбербанк“ лани изнесувала 38,13 рубљи, што претставува зголемување од 15,4 отсто во однос на претходната 2017 година.

„Сбербанк“ извести и дека во текот на 2018 година остварила добивка во сите земји во коишто работи. Освен во Руската Федерација, „Сбербанк“ е присутна и во Авсрија, Швајцарија, Турција, Чешка, Белорусија, Казахстан, Украина, Унагрија, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и во други земји.