Руската вакцина „Спутник V“ наскоро може да се произведува во Германија

Произведувачот на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ покажал интерес за производство на овој препарат во Германија, пренесуваат германските медиуми во вторникот.

„Московскиот Институт ‘Гамалеја’ и државниот Руски фодн за директни инвестиции (РДФИ) ја контактираа фармацевтската компанија ITD Biologika во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт поради можност за производство на вакцината GAM-Kovid_Vak, попозната под името Спутник V“, пренесе јавниот сервис MDR, повикувајќи се на информации од сојузното министерство за здравство.

„IDT Biologika“ е фарамцевтска компанија со седиште во Десау и со погони во Магдебург и во САД, а се занимава со производство на лекови по налог. Во оваа компанија, којашто во времето на комунистичката Источна Германија се произведувале вакцини, не сакале да ги коментираат евентуалните преговори со произведувачот на „Спутник V“.

Во „IDT Biologika“ и самите работат на пронаоѓање вакцина против коронавируот, но првите тестирања на вакцините развиени во оваа компанија минале неуспешно. Германското министерство за здравство исттражувањето на „IDT Biologika“ на вакцината против коронавирусот го субвенционирало со 114 милиони евра.

Вакцината „Спутник V“ беше првата во светот која доби одобрување за употребна во август 2020 година, но наиде на скепса на Западот, наводно поради недоволните сознанија за исходот од финалната трета фаза од клиничките испитувања.

Вакцината е направена на докажана и добро проучена платформа на човечки аденовирусни вектори, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни негативни последици. Ефикасноста на „Спутник V“ е над 90 проценти, вакцината обезбедува целосна заштита од тешки случаи на ковид-19.

Вакцината е веќе одобрена за употреба во Русија, Белорусија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Унгарија, Србија, Боливија, Алжир, Иран, Палестина, Венецуела и други земји. Исто така, инициран е процес на регистрација во Европската унија и Светската здравствена организација.

Германскиот јавен сервис MDR цитира изјава на стручњак за фармацевтската индустрија кој контаткто на рускиот производител на „Спутник V“ со источногерманската фармацевтска компанија „IDT Biologika“ го оценува како „логичен чекор“.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан во неделата во изјава за медиумите искажа отвореност за сите вакцини, вклучително и руските и кинеските, кои ќе го минат процесот на издавање дозволи во ЕУ.