Руската војска објави дека ликвидирала 80 полски платеници во ракетен напад

Руските вооружени сили убиле околу 80 полски платеници кои се активни во украинската армија на истокот од Украина, во административниот дел од самопрогласената Народна Република Доњецк, соопшти во саботата руското министерство за одбрана на редовниот брифинг за медиумите.

„До 80 полски платеници, 20 оклопни борбени возила и осум повеќекратни ракетни лансери ‘Град’ беа уништени во ударите со високопрецизно оружје на руските воздушни сили врз зградата на фабриката за цинк ‘Мегатекс’ во Константиновка…“, се вели во објавата на руското министерство за одбрана.

Во соопштението се прецизира и дека во областа на Николаев дневно гинат и повеќе од 300 украинските војници и странски платеници, како и дека се уништени 35 единици тешко вооружување.

Според портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, само во последните 24 часа во воздушните, ракетни и артилериски напади на руските сили, Украина загубила 780 „националистички“ борци.