Руските воздухопловни сили извршеле напад наградот Харков врз позиции на кој биле распоредени единици на единицата „Кракен“, еден од „националистичките баталјони“, како што Москва ги нарекува единиците на украинската војска во која се вклуечни припадници на крајно десните движење, и притоа се убиени околу 350 лица.
„Во Харков, со високопрецизно оружје на руските воздушни сили, беше погодена локација на која беше распоредена националистичката формација Кракен во Машинската школа Морозов. Во ударот загубата на непријателот изнесува 350 националисти“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-полковникот Игор Конашенков.
Додал дека во истиот напад биле уништени и 11 единици на воена опрема на истата единици.
Претходно во петокот руската војска објави дека нејзините единици со балистичките ракети со долг дострел „Искандер“ биле убиени 30 борци на истиот баталјон „Кракен“, при што се уништени десет воени возила за специјални намени.