Руската војска во Украина ја презема контролата над едно од најголемите наоѓалишта на литиум во Европа

Наоѓалиштето на литиум во областа на селото Шевченко на границата на одметнатата доминантно руска област Доњецк, со кое Киев се обиде да тргува со западот, се ставено под контрола на руската војска, изјави во понеделникот за телевизијата Россия 24 челникот на одметнатата украинска ткн Доњецка Народна Република, Денис Пушилин.

„Непријателот го држеше населеното место и таму изгради многу сериозно утврдување. И ова веројатно беше поврзано и со популизмот што го видовме од Зеленски: тој веќе тргуваењп со резервите, минералните суровини и тоа го нудеше преку медиуми, јавно, доколку биде (на Украина) дадена многу поактивна поддршка (од Западот). Да потсетам дека во близина на населбата Шевченко има наоѓалишта на литиум. Тие секако се потполно интересни за Западот, но сега сето тоа се наоѓа под контрола на Руската Федерација“, изјави Пушилин, чиј регион се одметна од Украина по превратот во Киев во 2014 година и пред две години со референдум кој не го признава меѓународната заедница се присоедини на Руската Федерација.

Резервите на литиум во Шевченковско, едно од најголемите во Европа, е откриено во 1982 година. Резервите на литиум се проценети на 13.8 милиони тони. Покај тоа, се смета дека таму има и резерви од други вредни ретки ресурси како ниобиум, берилиум, тантал….

Според Пушилин, сега „сите ресурси“ ќе бидат користени во полза на тн ДНР и Русија.

Тој, исто така, истакна дека руските единици продолжуваат да напредуваат. Руските трупи го заземаа местото Шевченко на 11-ти јануари.

„Поради фактот што Шевченко е под наша контрола, се отвора дополнителна можност за напредување кон следните населби. А непријателот има сѐ помалку можности да се консолидира на приодите кон Красноармејск“, заклучи челникот на проруските бунтовници од Доњецк зборувајќи за една од стратешките позиции на украинската одбрана која веројатно е следната цел на масивни руски напади.