Руската ВТБ банка очекува пет милијарди долари добивка во 2023-та

Рускиот државен кредитор ВТБ оваа година ќе оствари добивка од најмалку 400 милијарди рубљи, односно 4,9 милијарди американски долари, по добрите резултати во првите пет месеци и рекордните загуби минатата 2022 година, изјави за Reuters извршниот директор на банката Андреј Костин.

Добивката во првите пет месеци од годинава изнесувала вкупно 239 милијарди рубљи, по загубите од 612,6 милијарди рубљи во 2022 година, вели Костин во разговорот за британската новинска агенција.

„Сметаме дека реалната проекција е околу 400 милијарди рубљи добивка во оваа година, тоа за нас е рекордна бројка“, тврди челникот на ВТБ.

Финансискиот директор на банката Дмитриј Пјанов минатата седмица изјави дека годнешната добивна на ВТБ ќе биде поблиску до горната граница на целениот распон од 327 до 400 милијарди рубљи.

Рекордната загуба во 2022-ра је припишува, во прв ред, на падот на рубљата на нивото од 100 рубљи за долар, во периодот непосредно по воведувањето на жестоките санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина, како и на отписот на капиталот замрзнат на Западот.

„Тоа беше тешка година за нас, но во втората половина започавме да работиме со добивка, а оваа година засега ни е многу успешна“, вели Костин.

Додава и дека е малку е веројатно дека ВТБ ќе ги исплати дивидендите за оваа година, иако тоа зависи од државата којашто има 61,8-процентен удел во банката, откако во секундарната јавна понуда од приватните, неименувани инвеститори, собрала 94 милијарди рубљи.

 

Плаќања во јуани

Извршниот директор на втората најголема банка во Русија вели и дека кризата предизвикана од санкциите покренала темелни промени во светската економија и ја поткопала глобализацијата токму во моментов кога Кина се подготвува да ја преземе позицијата на водечка глобална економска сила.

На Соединетите држави и на Европската унија, смета Костин, ќе им наштети замрзнувањето на стотиците милијарди долари руски капитал, бидејќи многу земји преминуваат во плаќања во другите валути, најчесто националните, избегнувајќи ги доларот и еврото, а Кина тргнува кон отстранувањето на валутните ограничувања.

„Долгиот историски период на доминација на американскиот долар се ближи кон крајот. Мислам дека е дојдено времето кога Кина постепено ќе ги укине валутните ограничувања. Кина знае дека нема да стане светска економска сила број 1 доколку нејзиниот јуан и натаму биде неконвертабилна валута“, вели Костин.

Додава дека за Кина е опасно да ги држи резервите во американските државни обврзници.

Американскиот долар беше доминантен од првата половина на XX век кога од британската фунта ја презема позицијата на глобална резервна валута, а во јуни годинава американската инвестициска банка „JPMorgan“ објави дека во светската економија се појавиваат знаци за дедоларизација. Статусот на „зелената“ валута повторно се најде под лупа поради спектакуларниот економски подем на Кина во изминатите 40 години, последиците од војната во Украина и кавгите околу подигнување на лимитот за американскиот државен долг.
Банката ВТБ сега разговара со трети земји за користење на јуанот, вели Костин. Тврди дека Западот нема да ја ничкоса руската економија.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) во април ја подигна процената на растот на рускиот бруто домашен производ (БДП) за оваа година од 0,3 на 0,7 отсто. Прогнозаа за следната 2024-та, пак, ја намали од 2,1 на 1,3 отсто.

„Санкциите се тешки и ние, се разбира, трпиме. Меѓутоа, стопанството се прилагоди. Истовремено очекуваме дека (санкциите) ќе бидат засилени, заострени, некои можности ќе бидат затоврени, но ќе најдеме други“, вели Костин.

Запрашан дали руската економија ќе го задржи пазарниот карактер, Костин одговора „Сесрдно се надевам дека ќе биде така“.