Руски агенти сакале да ја спречат изградбата на Коридорот 8, тврди Груби

Вицепремиерот Артан Груби за „Еуронеа Албанија“ изјави дека како координатор на проектот за изградба на Коридор 8 спречил, како што рече тој, интервенција на хрватска компанија предводена од агент, да ја саботира изградбата на Коридор 8, пренесува Клан Македонија.

Груби откри дека на тендерот за консултант за изградба на Коридорот 8 се обидела да се вклучи и фирмата „ИГХ“ со седиште во Хрватска, но со одбор во кој учествувале тројца руски агенти.

Тој додаде и дека, според негови сознанија, постојат многу новинари и медиуми во Македонија кои се платени од Русија, повикувајќи се на германски извештај.

„Во РСМ има над три политички партии, од кои едната е парламентарна. Има невладини организации. Во германскиот извештај се зборуваше и за новинари кои се платени од Русија. Највознемирувачка за нас е руската интервенција во спречувањето на изградбата на Коридорот 8, преку хрватска компанија, која имаше најмалку три руски агенти во бордот. Македонија го почна Коридорот 8 од Скопје до Тирана, со ова се приклучуваме кон триаголникот, границите се елиминирани. Апликација за надзор имаше поднесено „ИГХ“ што го купи руски олигарх, но тие требало да ја спречат изградбата на Коридорот 8, проект кој се чува во фиока над 32 години“, дополни вицепремиерот.