Руски авион испорача нуклеарно гориво за централи во Чешка

Нуклеарна централа Дуковани, Чешка/ © REUTERS / Petr Josek Snr

Руски авиони испорача во петокот нуклеарно гориво за две нуклеарни централи во Чешка во екот на новиот бран тензии меѓу Прага и Москва со протерување дипломати и обвинувања за шпионажа, што е третата испорака на руско нуклеарно гориво од почетокот на руската офанзива во Украина од 24-ти февраури, изјави за медиумите Ладислав Кржиж, портпаролот на чешката енергетска компанија ČEZ.

„Руски авион со нуклеарно гориво доби специјална дозвола за влегување во воздушниот простор на ЕУ, кој е затворен за руските авиони од 24-ти февраури. Ова беше трет и последен лет со таков товар. Нуклеарната централа ‘Темелен’ (на југозападниот дел од земјата) сега располага со гориво за повеќе од две години, а нуклеарната централа ‘Дуковани’ (на југоистокот) за три години“, изјавил Кржиж.

Добавувач на гориво за чешките нуклеарни централи е рускиот производител на нуклеарно гориво холдингот ТВЕЛ, кој е дел од секторот за горива на руската државна корпорација „Росатом“.

Според Кржиж, компанијата ČEZ годинава ќе избере снабдувач на нуклеарно гориво за следните десет години, а сегашниот договор, посебно за нуклеарната централа „Темелин“ истекува за две години.

Споменатите две чешки нуклеарни централи се изградени по советските проекти. Нуклеарката „Дуковани“ во функција е пуштена во 1985/1987 година, има четири енергетски единици со вкупен капацитет од 2.040 мегавати. Централата „Темелин“ почна со работа во 2002 година, и се состои од два енергетски блока со реактори ВВЕР-1000 со вкупна моќност од 2.160 мегавати.

По препорака на чешката влада, компанијата ČEZ на 17-ти март објави тендер за изградба на нов електроенергетски блок на нуклеарната централа „Дуковани“. Уште на почетокот од 2018 година учество на тендерот пријавија руски „Росатим“, американско-канадската „Westinghouse“, кинеската „China General Nuclear Power“, француската EDF и јужнокорејската KHNP.

На крајот од септември 2021 година, чешкиот претседател Милош Земан го потпиша ткн „законот за ниско ниво на јаглерод“, кој, меѓу другото, предвидува исклучување на руски и кинески компании како потенцијални понудувачи. Владата во Прага којашто го предложи тој документ, ја аргументираше одлуката од безбедносни причини.

На 12-ти февруари годинава чешкиот премиер Петр Гиала изјави за медиумите дека во иднина во нуклеарната централа „Темелин“ би можело да бидат изградени два нови енергетски блока.