Руски борбен авион истрелал проектил во близина на британски авиони кој патролирал во меѓународниот воздушен простор над Црното Море, а инцидентот се случил на 29-ти септември, изјави во четвртокот британскиот министер за одбрана Бен Волас.
Министерот во парламентот рече дека британските воздухопловни сили ги запреле патролирањата по инцидентот и дека му ја изразил својата загриженост на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Руската страна одговорила дека станувало збор за техничка грешка, а Волас објави дека Велика Британија сега продолжила со патролите.
Додаде дека инцидентот не го смета за намерна ескалација.
„Не го сметаме тоа за намерна ескалација од страна на Русија, нашата анализа потврди дека станува збор за технички проблем. Меѓутоа, тоа беше потсетник колку нештата може да бидат опасни кога ќе решите своите ловци да ги користите на начин на кои тоа Русите го правеа во текот на долги временски периоди“, рече Волас.