Руските воздухопловни сили уништија 17 конвои, односно околу 12.оо0 танкери на Исламска Држава што биле забележани на границата на Ирак со Турција, пренесува „Раша тудеј“.
Нападите следеле откако пилотите претходно го забележале конвојот возила што се упатил кон Турција. Според Русија, ова е рутата што ја користи терористичката организација со цел да продава нафта, а со тоа да ги собира финансиите за одржување на Калифатот, но и за нападите врз Западот.
Москва тврди дека само минатата недела биле уништени 17 конвои на ИСИС. Во видеото што беше објавено од страна на руското министерство за одбрана се гледа бомбардирањето на еден од нив.