
Телото на 54-годишниот Андреј Маланин го пронашол службеник во Амбасадата кога дошол во неговиот дом. Полицијата во Атина почна истрага за смртта на дипломатот.
Полицијата соопшти дека на телото нема видливи рани ниту знаци за насилна смрт. Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов беше убиен минатиот месец во Анкара од полицаец.