Руски „Газпром“ без најава го зголемил притисокот во гасоводот, тврди Киев

Рускиот гасен гигант остро го зголемил притисокот во гасоводот кој го испорачува рускиот гас во Европа без претходни најави, соопшти во вторникот украинскиот државен оператор со гасоводот, а истовремено од „Газпром“ објавија дека количеството испорачан гас е потврдено од украинската страна.

Украина од 11-ти мај го прекина приемот на гасот за транзит преку влезот „Сохрановка“, образложувајќи дека оваа станица е под контрола на руските сили, на територијата на одметнатата проруска област Луганск. Поради тоа, преостанува само еден влез на транзитот за гасот за Европа, преку станицата „Суџа“, а тогаш „Газпром“ предупреди дека префрлањето на целиот обем на испорачан гас преку овој влез е технички невозможно, дека ги исполнува сите обврски кон европските потрошувачи а на украинската страна и се целосно плаќаат транзитните услуги.

Специјалистите на операторот, наводно, откриле нагло зголемување на притисокот на делот од гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород во близина на границата со Русија.

„Промената на притисокот се случи без предупредување од ПЈС Газпром“, се вели во соопштението на украинскиот оператор.

Украинската страна наводно го информирала „Газпром дека ненавременото пренесување на информации за промена на режимите може да доведе до вонредни ситуации. Од „Газпром“ сѐ уште не ја коментираа оваа информација.

Ваквите скокови на притисокот, како што тврди украинскиот државен оператор ОГТС, може да доведе до итни случаи, вклучително и пукнување на цевководите, а операторите на цевководите се должни однапред да се известат меѓусебно за тоа.

Од „Газпром“ во вторникот објавија дека го испорачуваат гасот за европските потрошувачи преку Украина во обемот кој го потврдил украинскиот оператор на мерната станица за гас „Суџа“ од 41,9 милиони кубни метри гас, наспроти 41,2 милиони кубни метри гас претходниот ден. Барањето за станицата „Сохрановка“ повторно било објавена.

Истовремено „Газпром“ во понеделникот извести дека га запира втората гасна турбина на Северен тек 1, на цевководот кон Германија, кој се користи со само 40 отсто од капацитетот, така што протокот на гасот поради тоа ќе биде преполовен.