Порачката од кинеската страна за снабдување со гас преку системот Моќта на Сибир на 23-ти ноември повторни ги надмина дневните договорни обврски, руската страна ги испорача сите барани количество остварувајќи нов историски рекорд, соопшти во саботата енергетскиот гигант „Газпром“.
Без да прецизираат за кое количество од енергенсот станува збор, од „Газпром“ велат и дека испораките се вршат според долгорочниот билатерален купо-продожен договор меѓу руската компанија и кинеска енергетска компанија CNPC. Притоа се потсетува дека од септември минатата година, речиси секојдневно се зголемуваат дневните нарачки на гас од кинеската компанија.
На крајот од 2022 година, Русија преку Моќта на Сибир извезна во Кина 15,5 милијарди кубни метри природен гас. Се очекува дека преку овој правец во 2023 година извозор на руски гас во втората по обем светска економија да достине 22 милијарди метри кубни. Се очекува дека овој гасовод ќе го достигне својот проектен капаците од 38 милијарди кубни метри во 2025 година.
Откако земјите во Европската унија по руската инвазија во Украина започнаа да се откажуваат од рускиот гас, Москва го пренасочи извозот на својот енергенс од кој добива значителни приходи кон пазарот во Азија. „Газпром“, така, планира блиските години извозот на гасот само во Кина да достигне 48 милијарди кубни метри годинишно, а земајќи ги предвид транзитните испораки преку Монголија можат вкупно да достигнат до 100 милијарди кубни метри гас на годишно ниво.
Гасоводот Моќта на Сибир се состои и два крака: од наоѓалиштето Чајандинское во Јакутија до Благовешченск (на границата со Кина) со должина од околу 2.200 километри и од полето Ковикта до Чајандинское од речиси 800 километри. Првата делница е изградена за пет години и пуштена во употреба во 2019 година, додека втората делница и треба да биде пуштена во употреба на почетокот на следната 2023 година.
Првите испораки на гасот од Русија до Кина преку гасоводот Моќта на Сибир започнаа на крајот на 2019 година и изнесуваа 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година, а се зголемија два ипол пати во 2021 година. На почетокот на февруари 2022 година „Газпром“ потпиша втор долгорочен договор со кинескат CNPC за извоз преку Далечниот исток. Вкупниот обем на испораките, според договорт, ќе пораснат на 48 милијарди кубни метри годишно. Имајќи го предвид гасоводот Моќта на Сибир 2 и неговото продолжување низ Монголија преку гасоводот Сојуз Васток, извозот на гас во Кина може да се зголеми за дополнителни 50 милијарди кубни метри годишно.