Рускиот енергетски гигант „Газпром“ е подготвен да ги зголеми испораките на пророден гас во Европа, изјави во неделата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервјуто во емисијата „ Москва. Кремль. Путин” на телевизијата Россия истовремено оценувајќи дека барањето на американскиот Стејт департмент за зголемувањето на испораките на гас преку Украина, што би на Киев би му обезедило значителни приходи од транзитот на енергенсот, претставува „пропаганда со знак минус“.
Портпаролот на рускиот претседател рече дека „Газпром“ е заинтересиран за повеќе договори за снабдување со гас, притоа споменувајќи ги ниските новоа на резерви на гасот во Европа.
„Дали е возможно да се добие повеќе гас од ‘Газпром’ и таму да се испорачува? Можно е. ‘Газпром’ е подготвен. Уште повеќе, веќе ги покри сите дополнителни барања (за испорака) во целост. Никој нема апсолутно никакви забелешки“, рече Песков.
„Дали ‘Газпром’ е подготвен за повеќе, за потпишување повеќе договори? ‘Газпром’ е заинтересиран за тоа. Поради тоа што нашите потрошувачи во Европа се нашите главни партнери. И ‘Газпром’ секогаш ја докажувал својата сигурност во какви и да се услови“, додаде Песков.
Меѓународната агенција за енергија (IEA) и неколку пратенции во Европскиот парламент оценија дека „Газпром“ не прави доволно за да го зголеми количеството на гас за Европа во услови на енормно зголемување на цените, за што експертите сметаат дека се должи на испразнетите европски капацитети за складирање по минатогодишната голема потрошувачка поради студената зима. Песков, меѓутоа, повтори дека „Газпром“ ги исполнува сите обврски во снабдувањето со гас.
Коментирајќи ги зголемените цени на гасот во ЕУ, портпаролот на Кремљ рече дека во Унијата се „опседнати“ со антимонополските закони, за кои оцени дека понекогап „ги надминуваат рамките на разумното“. Во ЕУ претпоставуваа дека конкуренцијата на пазарот на течен гас ќе доведе до пад на цените, но се покажа дека „спот-пазарот е прилично неорганизиран“ и оти „многу е тешко да се пресметаат климатските промени налик на лавина“, појасни Песков.
„А потоа гасот кој се доставува на спот-пазарите и натаму треба да се транспортира преку цевководи во одреден редослед. Тоа е огромна работа за воспоставување, за администрирање со тие текови. И, сето тоа не успеа“, додаде портпаролот на Кремљ.
Спроед Песков, како резултат на тоа во Европа не успеале да го вмупмпаат гасот во подземните складишта, а тоа не може да се направи за неколку дена „само со отворање на вентилите докрај“.
„Постои технолошка брзина на преземање (на гасот). Доколку се порача за 30 дена, тогаш ќе се преземе за 30 дена, или за 60 или за 90, не знам точно . Но не може да се преземе, грубо кажано, за пет дена, за една седмица. И според сите пресметки, тие нема да можат да го преземат сега“, рече портпаролот на Кремљ.
Истовремено Песков истакна дека е невозможно гасот да биде ставен во системите за транзит на енергенсот без да биде претходно продаден. Забележа дека за да се зголемат резервите, неопходни се дополнителни порачки од европските партнери
Референтините европски цени последните седмици пробиваа рекордни нивоа и пораснаа за повеќе од 250 отсто годинава, што предивика зголемување на цените на енергијата и влијаеше на индустриите чиешто производство зависи од гасот. Во август цената на фјучерси за испораките на 1.000 кубни метри гас во октомври, според холандскиот TTF индекс, на најликвидниот европски гасен хаб, изнесуваше малку повеќе од 500 американски долари, а на 15-ти септемви надмина 960 долари.
Поради тоа политичари од ЕУ и Украина ги обвинија руски „Газпром“ за „вештачко ограничување на испораките“. Како одговор на тоа, компанијата истакна дека ги исполнува сите обврски според постојните договори. Кремљ, исто така, ги посочи рекордните испораки на гас во Европа.