Руски „Газпром“ се повлекува од сопственоста на германскиот огранок

Рускиот гасен гигант „Газпром“ објави во петокот дека се повлекува од сопственичката структура на германскиот огранок по одлуката на Москва купувачите на рускиот природен гас од земјите кои и воведоа санкции поради нејзината офанзива во Украина во иднина енергенсот ќе мора да го плаќаат во рубљи преку посредничка банка во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека ја потпишал извршната уредба според којашто купувачите од САД, земјите членки Европската унија, Канада, Велика Британија и Швајцарија… рускиот гас од почетокот на април мора да го плаќаат во рубљи коишто ќе ги купуваат на Московската берза преку „Газпром Банк“ која не е под западните санкции.

Купувачите во посредничката банка ќе мора да отворат посебна сметка и да го префлрат износот утврден со договорот, главно во евра и долари. Банката потоа ќе ги даде на наддавање во организација на Московскта берза и приходот во рубљи ќе го депонура на сметката на снабдувачот со гас.

Германија ја отфрли деларативно измената во плаќањата, а нејзинио министер за економија во четвртокот рече дека „Путин нема да уценува“, но во петокот има информации дека новиот начин на плаќање е прифатлив за Берлин.

„Газпром“ во петокот објави дека се повлекува од сопственичкиот удел во „Gazprom Germania“ GMBH и другата сопственост во Германија, вклучително и во „Gazprom Marketing & Trading“ Ltd, со седиште во Лондон, без да наведе поединости, ниту појаснување за оваа одлука.

Седиштето на „Gazprom Germania“ GMBH е во германската престолнина Берлин, а единствен негов ационер е „Gazprom Export“, филијала во целосна сопственост на „Газпром“. Неговата основна деловна активност вклучува складирање, тргување и снабдување со гас, кој се користи како гориво во копнениеот и поморскиот транспорт, а сопственик е и на мрежата од пумпи во Германија и во Чешка. Огранокот има свои филијали, меѓу другото и во Швајцарија и во Чешка.

„Gazprom Marketing & Trading“ Ltd објави денеска во соопштение дека во своето работењето ќе остане независен како и досега.

„GM&T продолжува да работи независно. Гасот го набавуваме на европските велепродажни пазари, исто како и сите други учесници на пазарот. Од Русија не сме добиле гас, според долгорочни договори, уште од првиот квартал во 2021 година. Во овој момент не сме во позиција да ја коментираме новата сопственичка структура“, се наведува во соопштението.

Германскиот деловен дневен весник Handelsblatt објави во четвртокот дека германското министерство за економија го разгледува овластувањето за германските ограноци на руските државни енергетски компании „Газпром“ и „Роснефт“ поради загриженоста за снабдувањето со енергенси. Од Кремљ во петокот порачаа дека таквиот потег би претставувал очигледно грубо кршење на меѓународните закони, што ќе претпоставува и соодветни реципрочни мерки.

Засега не е јасно дали излегувањето на „Газпром“ од сопствништвото над германскиот огранок ќе влијае на снабдувањето на Германија со руски гас. Германија најмалку 40 отсто од своите потреби од гас ги обезбедува со увоз од Русија.