Руски Газпром во источна Босна гради фабрика за течен гас

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ ќе гради фабрика за течен гас во Зворник во источна Босна, а договорот за тоа во саботата го потпишаа во Бања Лука претставниците на владата на Република Српска и на рускиот нафтен концерн со учество на амбасадорот на Руската Федерација во Босна и Херцеговина, Петар Инацов и претседателот на српскиот ентитет Милорад Додик.

Руската фабрика во источна Босна ќе се гради во соработка со локалната компанија за трговија со гас „Гас-Рес“, а целата инвестиција е проценета на околу 70 милиони евра.

„Ова е важен чекор во унапредувањето на билатералните односи на Република Српска и Русија“, изјави амбасадорот Петар Иванцов потсетувајќи дека во српскиот ентитет во БиХ веќе работата руската „Сбербанка“ и нафтената компанија „Зарубрежнефт“ којашто воедно е и сопственик на рафинеријата во Босански Брод.

Претседателот на управниот одбор на „Газпром СПГ Технологи“, Алексеј Константинович Кахидзе потсети дека течниот гас ширум светот е важна замена за другите видови енергија, па така би требало да помогне и во случајот на Република Српска. Течниот гас произведен во Зворник би требало да биде дистрибуиран главно на пазарот на овој ентитет.

Во Република Српска, за разлика од Федерацијата БиХ, гасната мрежа речиси и не постои, а нејзиното градење допрва се планира, но исклучиво со потпирање на природниот гас кој се набавува од Русија.

Властите на Република Српска, истрајни ги одбиваат сите барања на компанијата „БХ Гас“ која управува со државата да се поврзе на европската гасна мрежа со спојување на магистралниот гасовод кај Славонски Брод.