Генералот Конашенков кажа дека се воздржувале од напад кон украински официјални лица, но тоа ќе се промени доколку Киев продолжи со истата политика и обидите за саботажа.
„Имаше неколку обиди за саботажа и напад на украинската армија на објекти на руска територија. Ако продолжат таквите обиди, тогаш Русија ќе ги нападне сите центри за одлучување, меѓу кои е и Киев“, вели генералот.
Конашенков кажа и дека е ослободено пристаништето во Мариупол од украинските војници.