![121212hakeri](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/121212hakeri.jpg?resize=690%2C400&ssl=1)
Група руски хакери украле, како што се проценува, 1,2 милијарди интернет лозинки, од кои некои им припаѓаат на значајни американски компании, но и други фирми ширум светот, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Доверливите имиња на корисниците и лозинките, според податоците на компанијата „Холд секјурити“, се украдени од околу 420.000 интернет страници, со што на хакерите им станале достапни 500 милиони електронски пошти.
Групата хакери веројатно е составена од околу 10 лица на возраст од 20 години. Нивната работа е концентрирана во јужниот дел на централна Русија, а се претпоставува дека и нивните компјутерски сервери се наоѓаат во Русија.