Руски и кинески воени бродови првпат зедно патролираа во Пацификот

Руски и кинески бродови првпат заеднили патролираа во западниот дел од Тихиот Океан во периодот од 17-ти до 23-ти октомври, соопшти во саботата руското министерство за одбрана.

Русија и Кина претходно месецов одржаа заеднички воено-поморски маневри во водите на Јапонското Море, а последните години чувствително ги подобрија меѓусебните економски и дипломатски врски, што се смета за одговор на Москва и Пекинг на заострувањето на односите кон двете земји од страна на Западот, во прв ред САД.

Поморските маневри со големо внимание ги следеша Јапонија која претходно седмицава објави дека група од десет кинески и руски бродови пловеле низ теснецот Сангару кој го раздвојува најголемиот јапонски остров Хоншу од Хокаидо, но во меѓународните води. Токио тогаш ги активираше ловците на своето воено воздухопловство, поради полетите на руските и кинеските хеликоптери вклучени во вежбите.

„Групата бродови мина низ Сангарскиот теснец првпат во рамките на птаролирањата“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

Се додава дека задачата на патролирањето, спроведено по рута долга 1.700 наутички милји, била „одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и штитењето на субјектите на поморските стопанства на двете земји, како и демонстрирање на руските и кинеските државни знамиња на светкиот океан“.