
Руска делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу подоцна седмицава ќе ја посети Северна Кореја, извести во вторникот севернокорејската новинска агенција KCNA, со што ќе ѝ се приклучи на групата кинески воени функционери и ќе бидат меѓу првите кои ја посетиле оваа земја од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Според истиот извор, членот на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, Ли Хонгжонг ја предводи делегацијата на Пјонгјанг.
Воените делегации ќе присуствввуваат на одбележувањето на 70-годишнината од севернокорејскиот национален празник Денот на победата во четвртокот во главниот град Пјонгјанг. Се очекува голема воена парада во севернокорејската престолнина.
Северна Кореја ги затвори своите граници на почетокот од 2020 година за секаква трговска и дипломатска размена, дури и со своите главни економски и политички партнери Кина и Русија. Агенцијата не наведува дали посетата на високите функционери од двете земји претставува некаква промена во политиката за прекуграничниот режим на Пјонгјанг.
Кина во понеделникот објави дека „строго“ ги спроведува санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја, регирајќи на писмото на групата земји Г7 предводени од САД, Европската унија и други нивни сојузници, кои го повикуваат Пекинг да спречи Пјонгјанг да го заобиколува санкциите наметнатаи поради неговите ракетни и нуклеарни програми со користење на кинеските територијални води.
Кинескиот извоз во Северна Кореја во јуни годинава бил осум пати поголем во однос на една година претходно, кога затворената земја на Корејскиот полуостров потвдување десетици илјади случаи на ковид-19 дневнои и речиси херметички ги затвори своите гранции.
САД ја обвини Северна Кореја дека наводно ѝ дава воена помош во гранати на Русија за нејзината инвазија во Украина. Москва и официјален Пјонгјанг го отфрлија тоа како бесмислица, но во една изјава од Северна Кореја порачаа дека може да мобилизираат 200.000 специјалци на кои им е потребно борбено искуство.