Руски конвој стои на границата со Украина

Конвој на руската хуманитарна помош и понатаму стои на отворени полиња недалеку од рускиот град Каменск-Шахтински, околу 20 км од граничниот премин со Украина. Се чека Москва и Киев да се договорат за влез на конвојот на украинска територија.

Конвојот од околу 280 камиони стои од четвртокот и како што јавува Ројтерс , тој и понатаму се наоѓа таму.

Русија соопшти дека во конвојот се наоѓаат 2000 тони вода, храна за бебиња и друга помош за жителите во источна Украина, каде што трае судирот меѓу украинските и проруските сили.