Руски ловец пресретна германски извидувачки авион над Балтикот

Руското Министерство за одбрана објави во понеделникот дека руско борбен авион од типот „Су-27“ го пресретнал и придружувал извидувачки авион од типот „Lockheed P-3C Orion“ над Балтичкото море при обидот леталото на морнарицата на германската војска Бундесверот да се приближи на руските граници.

Германскиот авион се свртел назад пред да се доближи до рускиот воздушен простор. Рускиот авион потоа, исто така, се вратил во својата база, со што е „спречено нарушување на руската државна граница“, пренесе агенцијата РИА.

Портпаролот на германската морнарица за агенцијата DPA рекол дека станувало збор за рутински извидувачки лет. Рускиот пресретнувач тогаш полетал во воздушниот простор во близина на руската балтичка енклава Калининград за да ја следи мисијата на германскиот авион. И тоа било рутинска агенција, ништо не се случило, додал портпаролот на германската морнарица.

Тензиите во воздушниот простор на Балтичкото и над Црното Море меѓу авионите на НАТО и на Русија се зголемени последните два години, од британското симулирање на нуклеарен напад врз Калининград. Таму руската армија има стационирани големи ракетни единици и делови од руската Балтичка флота.

Забележливо дека таквите инциденти со опасни маневри за кои се обвинуваат двете страни се намалени по започнувањето на руската инвазија во Украина кон крајот февруари минатата година. Но во последната седмица зголемени се извидувачките воздушни мисии на НАТО, откако, како што објавија медиумите, украинските радарски системи не реагирале на руските проектили користени во нападите врз украинските градови минатите денови.

Во петокот беше објавено дека Северноатлантскиот воен блок ќе премести неколку свои извидувачки авиони кои моментално се наоѓаат во Германија во Романија, за да бидат поблиску до Украина.

Извидувачките авиони со Воздушен систем за предупредување и контрола (AWACS) би требало да пристигнат во Букурешт во вторник „за да ја поддржат засилената присутност на Алијансата во регионот и да ја следат руската воена активност“, соопштија од НАТО.

Авионите познати под споменатата кратенка AWACS, кои вообичаено се стациониран во Ахен во западна Германија, ќе бидат преместени во базата на романските воздухопловни сили во Отопени крај Букурешт, околу 200 километри од источната граница на Европската унија и НАТО со Украина. Таму ќе останат неколку седмици.

Авионите опремени со системот AWACS може да лоцираат и идентификуваат други авиони на оддалеченост поголема од 400 километри. Овие авиони можат да проследат информации до сите други во воздушниот простор кои се опремени на соодветен начин.