Руската медиумска куќа Известия во саботата доцна ноќта објави дека во насочен напад на украински беспилотно летало е убиен нивниот новинар во близина на градот Доњецк во истоимената доминантно руска и рускојазична украинска покраина која се отцепи по превратот во Киев поддржан од западните земји во март 2014 година.
„Украинската армија со дрон целено нападна цивилен автомобил во кој се наоѓаше дописникот на Известия, Александар Мартемјанов“, објавија медиумите на својот канал Telegram, додавајќи дека автомобилот се наоѓал далеку од линијата на конфликтот и бил јасно обележан.
Автомобилот се движел по автопатот што ги поврзува Доњецк и градот Горловка на северот на земјата.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го нарече инцидентот „намерно убиство“.
Захарова го опиша настанот како „наметното убиство кое е уште едно брутално злосторство во низата крвави злосторства на режимот на (украинскиот претседател Володомир) Зеленски, кој отворено прибегнува кон терористички методи за да ги елиминира своите идеолошки противници“.
„Обидите да се сокрие зад бесмислени изговори и општи фрази не може да се сметаат како соодветна реакција на властите овластени за тоа. Меѓународните претставници кои се залагаат за човекови права ќе мора директно да ги посочат сторителите на овие убиства“, нагласи Захарова.
Порпролката на руската дипломатија притоа ги повика и УНЕСКО и другите меѓународни организации да покажат соодветен одговор на нападот на Вооружените сили на Украина врз руските новинари. Захарова посочи дека таквите инциденти се случуваат поради „намерно непрепознавање на сите видови злосторства на режимот во Киев“.
„Сите одговорни за злосторството против руските новинари ќе бидат идентификувани и ќе ја понесат заслужената и неизбежна казна“, посочи Захарова.
Податоците што претходно ги обезбеди Комитетот за заштита на новинарите покажуваат дека најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.
Руската новинска агенција РИА објави дека двајца нејзини дописници, кои патувале со Маремјанов, се повредени во инцидентот, заедно со двајца новинари кои работеле за локален медиум во Доњецк.