Руски политичар го тужел Путин поради спомнување на „војната“ во Украина

Локален политичар од Санкт Петербург побарал обвинителите да го истражат случајот на рускиот претседател Владимир Путин поради користење на зборот „војна“ за опишување на судирот во Украина, обвинувајќи го неговиот сограѓанин и челник на Кремљ дека го прекршил законот донесен по негова иницијатива.

Руските државни и политички челници, како и самиот Путин, инвазијата ја нарекуваат „специјална воена операција … за спречување на геноцид врз руското населени и демилитаризација и денацизација“ на Украина. Путин го потпиша законот во март со кој се пропишани високи казни и затвор за дискредитирање и ширење намерно лажни информации за руските вооружени, што сепак не е во доменот на пријавата поднесена против рускиот претседател. Руските медиуми известуваат за кривичен прогон на лица кои објавувале лажни вести или ја омаловажувале руската армија, а западните наведуваат дека ризикот од кривичен прогон има и доколку војната на наречат со вистинското име.

„Нашата цел не е да го завртиме тркалото на воен судир, туку, напротив, да ја завршиме оваа војна. Ќе тежнееме кон коранот на тоа, и што порано тоа подобро“, секако“, изјави Путин во четвртокот пред новинарите отстапувајќи од својот вообичаен речник.

Никита Јуферев, опозициски советник во градот Санкт Петербург, рекол за Reuters дека знае дека неговата тужба нема да одведе никаде, но дека ја поднел за да „ја разоткрие лажливоста на системот“.

„За мене е важно да го привлечам вниманието на контрадикцијата и неправдата на овие закони кои Путин ги усвојува и потпишува, но на коишто тој самиот не се придржува. Мислам дека колку повеќе зборуваме за тоа, повеќе луѓе ќе се сомневаат во неговата искреност, непогрешливост и ќе има помала поддршка“, рекол Јуферев за Reuters.

Во својата пријава, пренесена во отворено писмо, Јуферев бара од главниот обвинител и министерот за внатрешни работи „Путин да го прогласат законски одговорен за ширење лажни вести за постапките на руската војска“.

По објавувањето на отвореното писмо за Путин, Јуферев тврди дека примил стотици пораки со омраза но не приложил докази. Додал дека верува дека мнозинството Руси разбираат што навистина во Украина. Притоа опозиционерот не зборува за положбата на руското население во соседната земја.

„Војната во руското општество е застрашувачки збор. Секој кого го одгледале дедовците и бабите коишто ја преживеале Втората светска војна секој се сеќава на зборовите Сѐ само не војна“, рекол Јуферев.

Јуферев, кој не сакал да ја открие својата локација, рекол дека критичарите на Путин кои војната на нарекле војна претрпеле тешки казни.

Опозицискиот политичар Илја Јашин во ноември беше осуден на осум ипол години затвор поради ширење лажни информации за руската војска. Во јули, друг локален советник., Алексеј Горинов, беше осуден на седум години поради критикување на инвазијата во Украина.