Руски проектил рано утринава погоди повеќекатна станбена зграда во украинското црноморско пристаниште Одеса, убивајќи најмалку 17 лица и ранувајќи десетици граѓани, соопштија украинските власти.
Еден проектил погоди зграда во градот Билхород-Днистровски убивајќи 14 лица и ранувајќи 30, а предизвикал и пожар во продавница до зградата, се наведува во соопштението на украинското Министерство за итни ситуации.
Russian missle strike targeted a 9 storey residential building last night in Odessa.
At least 20 dead, many children. pic.twitter.com/BuiiM8MOw5
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) July 1, 2022
Портпаролот на регионалната администрација Серхи Брачук за украинската државна телевизија изјави дека е во тек спасувачка операција бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините на зградата.
https://twitter.com/igorlachen?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1542738946869923840%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fruski-proektil-pogodi-stanbena-zgrada-vo-odesa-zaginaa-najmalku-17-lica
Друг проектил погодил во одморалиште, рече Брачук, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а друго лице било рането.
Ројтерс не можел независно да ги потврди деталите за инцидентите.