
Четиринаесетгодишната Ирина Коровина и дваесет и двегодишниот Анреј Маслов од рускииот град Твер извршиле самоубиство бидејќи нивните родители се противеле на нивната врска.
Трагичниот настан се случил истиот ден кога родителите дознале дека нивната ќерка е во трет месец на бременост.
Девојчето се противело на предлогот на родителите за абортирање и да престане да се гледа со Анатолиј, кој работел како обезбедувач во локален трговски центар.
Ирина и Анатолиј исчезнале по кавгата со родителите, а подоцна полицијата ги пронашла мртвите тела. Тие се обесиле со исто јаже на гранка од дрво во шума во селото Змејево во близина на Твер. Тие биле цврсто прегрнати.