Руски „Су-34“ првпат употребил крстосувачки ракети со долг дострел во Украина

Рускиот фронтовски бомбардер од моделот „Су-34“ првпат во текот на борбените операции во Украина употребил крстосувачки ракети со долг дострел, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на информиран извор што се смета за предупредување на Москва на најавите за испораки на Киев на германски ракети „Taurus“ и американските со долг дострел како и американските борбени авиони „F-16“.

„Како дел од специјалната воена операција (како што Москва официјално ја нарекува инвазијата во Украина), беше тестирана употребата на крстосувачка ракета со долг дострел од ‘Су-34′, која досега не беше користена во дејствувањето на овие авиони. Ракетаа не е нова, како и авионите, но тие досега не се користени како единствен комплекс, а новото решение ја зголемува вајринабилноста на уптребата како на проектилот така и на авионот“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.

Додал дека „Су-34“ успешно погодил украински воен објект користејќи го споменатиот проектил, но не открил кога и на која позиција од украинскиот фронт се случило тоа.

За тестирањето на новито систе на авионскиот комплекс – носач плус ракета, била користена најмодерната верзија на бомбардерот „Су-34НВО“ (нови способности), според соговорникот на РИА.

„’Су-34’ како носач на крстосувачки ракетен систем со долг дострел може да биде потребен, на пример, во случај на конфликт со земјите членки на НАТО при извршувањето стратешки задачи“, појаснил соговорникот.

Претходно Telegram каналот Fighterbomber објави дека бомбардерите „Су-34“ во зоната на дејствување на Северниот воен округ, започначе да користеат и универзални модули за планирање и корекција со ненаводуваните тешки бомби „ФАБ-1500“ кои тежат тон и половина. Во врска со оваа информација, изворот на РИА појаснил дека е изведено „користењето на овој систем со бомби со поголем калибар за удари врз неколку видови утврдени украински објекти.

Универзален модул за планирање и корекција е прикачен на конвенционална бомба со слободен пад, претворајќи ја во наведуван проектил. Модулот има преклопно крило и кормила, како и контролен систем кој го насочува проектилот кон целта во автоматски режим. Претходно, „Су-34“ користеше бомби од 250 и 500 килограми во дејствувањата во Украина.

Фронтовскиот бомбардер „Су-34“ е дизајниран за дејстување врз копнени, надводни и воздушни цели и во денски и во ноќни операции, како и во непиоволни временски услови. Авионот управуван од двочлен екипаж може да понесе до осум тони оружје на 12 надворешни позиции на шасијата.

Покрај новото вооружување, овој модел авион добил и подобрена способност за извудување, наведување и означување на непријателските цели. Ловецот-бомбардер „Сухој Су-34“, кој првиот лет го имал во 1990 година за советските сили а модернизираната верзија во 2014 година е вклучена во руската армија, може да користи потшасиски универзални контејнери за извидување, кои овозможуваат со висока точност да се одредат координатите и другите параметри на потенцијалните цели.