Руски борбен авион „Су34“ се урнал во регионот Брјанкс на границата со Украина, извести агенцијата ТАС повикувајќи се на службите за итни ситуации, што е втор таков инцидент во саботата по падот на хеликоптерот во истиот регион.
Претходно ТАСС повикувајќи се претставници на службите за итни ситуации пренесе дека според првичните информации на моторот на хеликоптерот „Ми-8“ избувнал пожар пред да се урне на локацијата Клинци, на 40 километри од границата.
Западните медиуми пишуваат дека видеоснимките објавени на руските социјални мрежи во саботата укажувале дека хеликоптерот бил погоден и соборен во регионот Брајнск. Во тој случај, би бил погоден од руската противвоздушна одбрана, бидејќи украинските противвоздушни системи немаат толкав дострел. Се опишува дека снимките укажуваат дека хеликоптерот наводно експлодирал во воздух.
Германската агенција DPA, без да наведе извори, пишува дека рускиот „Су-34“ наводно се урнал на десетина километри од местото на кој се урна претходно во саботата хеликоптерот, како и дека судбината на пилотите не е јасна,
Руските медиуми објавуваат дека загинале двајца пилоти во хеликоптерот, но не се наведува нивната бројка, додека на земја немало настрадани од падот, освен оштетувања на неколку домови.
Руското Министерство за одбрана досега не се огласи за двата случаи. Исто така, ниту украинското Министерство за одбрана не ги коментираше двата инцидента.
Во коментарите на снимката, чија веродостојност Reuters не успеал да ја провери, се наведува дека рускиот транспортен хеликоптер „Ми-8“ бил соборен со проектил. Други снимки покажувале останки на земјоделско земјиште. Овој тип хеликоптери има широка примена и во воени и цивилни цели како транспортно летало.