![Endi Stoun Meta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/6563ebb9764e1-meta-spokesperson-andy-stone-270704581-16x9-1.jpeg?resize=696%2C391&ssl=1)
Воениот суд во Москва во понеделникот во отсуство го осуди Енди Стоун, портпарол на американската технолошка компанија „Meta Platforms“, на седум години затвор за „јавно застапување тероризам“, извести новинската агенција РИА.
Компанијата „Meta Platforms“ е означена како екстремистичка организација во Русија, а платформите под нејзино управување како Facebook и Intagram, беа забранети во земјата во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, кога американската компанија ги блокираше профилите на руските медиуми/
Ниту „Meta Platforms“, ниту портпаролот Енди Стоун сè уште не одговориле на барањето на Reuters за коментар.
Руската новинска агенција Интерфакс ја цитираше адвокатката на Стоун, Валентина Филипенкова, која рече дека ќе поднесе жалба на казната и дека „побара ослободителна пресуда“.
Руското Министерство за внатрешни работи отвори кривична истрага против Стоун кон крајот на минатата 2023 година, без да открие конкретни обвиненија.
РИА ги цитира државните истражители кои велат дека Стоун објавил онлајн коментари во кои поттикнувл и повикувал на „агресивни, непријателски и насилни акции“ против руските војници кои учествуваат во руската „специјална воена операција“ во Украина, како и за „јавно повикување на тероризам“.