Руски „Сухој“ падна во Средозмното Море

„сухој“

Како што пренесува Танјуг, пилотот успешно се катапултирал пред паѓањето.

Во извештајот се наведува дека причина за падот на „Сухој“-от е кинење на една од сајлите коишто служат за сопирање на авионот. Се истакнува и дека овој инцидент нема да влијае на продолжувањето со воените вежби во Средоземното Море.

Ова е втор ваков случај за неполн месец каде руски авион паѓа од палубата на носач. Кон средината на ноември падна и еден „МиГ 29“.