Руски „Вагнер“ ја отфрли американската пропаганда за севернокорејско оружје како „озборувања“

Челникот на руската приватна воена групација „Вагнер“ во четвртокот ги отфрли како „озборувања и шпекулации“ наводите на Соединетите Американски Држави дека компанијата добила пратка оружје од Северна Кореја.

„Сите знаат дека Северна Кореја долго време не ја снабдува Русија со никакво оружје. И не се направени такви напори“, се вели во соопштението на сопственикот на ,„Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Белата куќа во четвртокот објави дека наводно „Вагнер“ купила противпешадиски ракети и ракети од Северна Кореја за силите кои се борат во Украина, што укажува на зголемена улога за него во тамошниот конфликт.

„Вагнер бара по светот добавувачи на оружје за да ги поддржи воените акции во Украина“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби без да приложи какви и да се докази за таквото тврдење.

„Можеме да потврдиме дека Северна Кореја му достави оружје на Вагнер, кој плати за опремата. Минатиот месец Северна Кореја и достави на Русија противпешадиски ракети и ракети за групата Вагнер“, рече Кирби.

САД никогаш досега не ги демантираа руските тврдеања, за кои беа проложени и аудио и видео материјали, дека од 2014 година борци на приватните воени компании се ангажирани од страна на Вашингтон во борбите во Украина.

Северна Кореја соопшти во ноември, откако Белата куќа објави дека Пјонгјанг тајно и доставува на Русија „значителен“ број артилериски гранати, дека никогаш немала договор за оружје со Русија и нема намера да има договор.