Војник во ремотно-техничка база во федералниот округ Забајкалски на рускиот Далечен исток сметно застрелал осум свои колеги а уште други двајца ранил, соопшти во петокот руското министерство за одбрана.
„На 25-ти октомври, околу 18,20 часот (11,20 часот по македонско време), при смена на стражата војник на ремонтно-техничката база на територијата на Литинскиот регион на Забајкалскиот крај, отворил оган врз своите колеги. Како резултат на тоа, осум војници загинале на самото место, а уште двајца се ранети со различна тежина“, се наведува во соопштението.
Се прецизира дека „војникот кој отворил оган веднаш е приведен“, а настраданите „веднаш биле префлрени во воена болница (…) и нивниот живот не е во опасност“.
Засега не се познати мотивите за трагедијата, но извори од министерството за одбрана за медиумите рекле дека има знаци оти веројатно станува збор за нервен слом поради лични проблем. Кон базата е упатена комисија од Москва, со која ќе раководи заменикот-минситер за одбраба, генерал-полковникот Андреј Картаполов.