ВИДЕО|Руски воени бродови влегоа во пристаништето во Хавана

Групација руски воени бродови пристигнаа во пристаништето Хавана во средата, што САД и Куба не го гледаат како закана, но аналитичарите го толкуваат како руска демонстрација на моќ и предупредување за Вашгингтон откако продолжи со испорака на американска воена помош на Украина и давањето дозвола на власта во Киев со испорачаните американски проектили со долг дострел да гаѓаат цел длабоко на руската територија а доаѓа во периодот кога растат тензиите поради војната во Украина.

Во хаванското пристаниште најпрво впловија танкерот „Академик Пашин“ со реморкерот „Николај Чикер“, додека руската фрегата и нуклеарната подморница чекаа на отворено море и треба подоцна во текот на денот да влезат во пристаништето.

Фрегатата и подморницата, се дел од групацијата од четири руски воени бродови кои пристигнаа во средата на Куба, изведоа воени вежби во Атлантскиот Океан на пат кон островот, соопшти руското Министерство за одбрана ден претходно. Руските воени бродови треба да останат во Хавана до 17 јуни.

Куба минатата седмица објави дека посетата е „стандардна практика“ на пријателските земји. Кубанското Министерство за надворешни работи објави дека бродовите не носат нуклеарно оружје, што го потврдија и американските власти.

„Внимателно го следиме движењето на бродовите. Во ниту еден момент бродовите и подморницата не беа директна закана за САД“, изјави неименуван американски функционер за Reuters во вторникот.

Хавана се наоѓа на само 160 километри од Флорида, каде што се наоѓа американската поморска воздухопловна база. А времето на посетата, во време кога администрацијата на Бајден размислува до каде може да оди со големата воена помош на Украина, сугерира дека тоа не е само „стандардна практика“, оцени Вилијам Леогранде, професор на Американскиот универзитет.

„Пристигнувањето на руските бродови е начин на Путин да го потсети Бајден дека Москва може да го предизвика Вашингтон во својата сфера на влијание“, рече Леогранде.

Посетата се случува во време кога Куба е погодена од најтешката социјална и економска криза во последните децении. Според твредењето на САД, на карибската остравска земја ѝ недостига речиси сѐ, од храна и лекови до гориво, и се тврди дека граѓаните се се понезадоволни. Меѓутоа, сепак, медиумите не известуваат за такви проблеми и случувања на Куба.

„Ова потсетува на Студената војна, но за разлика од првата Студена војна, Кубанците ги привлекува Москва не од идеологијата, туку од економската неопходност“, додава Леогранде.

Кубанската ракетна криза се случи во 1962 година кога Советскиот сојуз одговори на американското распоредување ракети во Турција со испраќање балистички ракети во Куба, со што светот се доведе на работ на нуклеарна војна. Сега ситуацијата е слична, имајќи предвид дека САД преку НАТО го приближја своето оружје до самите граници на Русија.

Русија и Куба повторно ги зајакнуваат врските. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во мај по четврти пат го посети рускиот претседател Владимир Путин. Тој присуствуваше на воената парада и рече дека Москва секогаш може да смета на поддршката од Хавана. Во март Русија испорача 90.000 тони руска нафта на Куба и вети дека ќе и помогне во низа сектори, од производство на шеќер до инфраструктура, обновливи извори на енергија и туризам.